Го нападнал и пробол со остар предмет во надлактицата

05.06.2018 08:58 | KumanovoNews

 Д.Т.(32) од Куманово бил физички нападнат од непознато лице, кое со остар предмет му нанело убодна рана на левата надлактица.

Го нападнал и пробол со остар предмет во надлактицата

Нападот се случил синоќа во 22.10 часот на бул. „Трета МУБ“ во Куманово.

Д.Т. e пренесен во Кумановската болница каде му била укажана лекарка помош и поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk