Го нападнал со нож во кафеана и го повредил

17.09.2018 07:39 | KumanovoNews

Кумановец се здобил со исекотина по лицето и на левата рака откако бил нападнат со нож во ресторан во Куманово.

Го нападнал со нож во кафеана и го повредил

Инцидентот се случил завчера околу 15.часот, додека С.С.(45) и Д.Н. седеле во ресторан на улица „Бранко Богдански Гуцман“.

Тогаш дошле Р.Н. и Л.Н. и седнале до нив. По кратко време Р.Н. и Л.Н. си заминале, а кога С.С. тргнал да си оди, му се доближил Р.Н. кој со нож замавнал кон него и го исекол во пределот на лицето и левата надлактица, по што побегнал. Потоа, С.С. отишол во болницата во Куманово, каде му била укажаа помош и бил пуштен на домашно лекување.

Нападнатиот околу 19 часот пријавил во Полициската станица Куманово, дека Р.Н. со нож го нападнал и исекол на лицето и левата рака.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk