Го натепал газдата затоа што го избркал од работа

19.03.2013 14:57 | KumanovoNews

 Кумановец натепал газда затоа што го отпуштил од работа.

Го натепал газдата затоа што го избркал од работа

Инцидентот се случил мината недела на ул.„Индустриска“, во кругот на терминалот на „Агро Куманово“.А.М.(48) изреволтиран поради тоа што Д.С.(52) го избркал од работа, физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото. Потоа влегол во неговото возило и со голема брзина удрил во предниот дел она џипот на бившиот газда. За да се пресмета до крај, земал штрафцигер и се обидел да го прободе Д.С., но го спречил еден од вработените, кој е повредн. Напаѓачот со штрафцигерот му нанел видлива повреда на Т.И. во пределот на левата рака, а потоа влегол во неговото возило и повторно удрил во возилото на Д.С. и си заминал. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против  А.М. за сторено кривично дело „насилство“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk