Го претепале со безбол палки на сред улица

04.06.2014 13:30 | KumanovoNews

Тројца кумановци претепале нивен сограѓанин откако со автомобили му го попречиле патот и го извлекле од колата.

Го претепале со безбол палки на сред улица

Нападот се сличил минатиот месец на улицата “Петар Драпшин“ кога М.С.(35), Б.С.(32) и И.С.(25), управувајќи автомобили “ситроен сахсо“ и “голф 5“ му го попречиле патот на Ш.С.(34), по што излегле од колата и го нападнале со безбол палки. При тоа го удирале по главата, а откако Ш.С. се онесвестил, насилниците му ги земале клучевите од возилото и побегнале во непознат правец.

Пријавените ќе одговараат за сторено кривично дело насилство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk