Го претепале во семејната куќа

02.03.2018 15:50 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Р.(28) од Куманово за сторено кривично дело тешка телесна повреда и против Т.Ј.(27) од Куманово за сторено кривично дело учество во тепачка.

Го претепале во семејната куќа

На 04.11.2017 година во Куманово во семејна куќа на првопријавениот, по претходна вербална расправија, пријавените физички го нападнале братот на Д.Р. при што на оштетениот му нанеле тешка телесна повреда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk