Го пробола сопругот со остар предмет за да го заштити детето од насилство

15.12.2021 12:32 | Сузана Николиќ

Жена го нападнала сопругот и му нанела убодна рана на телото, откако се скарале дома во кумановското село Табановце.

Го пробола сопругот со остар предмет за да го заштити детето од насилство

Инцидентот се случил синоќа околу 22.15 часот, кога Ј.А.(23) при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово.

Според пријавеното, тој се обидел да го повреди нивното дете. 

Повредениот бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. 

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk