Го проболе со нож и го оставиле на улица, кривични пријави за двајца кумановци

12.09.2023 21:42 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.А.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид и против Н.М.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неукажување помош.

Го проболе со нож и го оставиле на улица, кривични пријави за двајца кумановци

„На 29.07.2023 во Куманово, по претходна расправија, Љ.А. со нож го повредил Н.С., по што заминал, додека Н.М., кој цело време бил таму, го оставил на улица и не му укажал помош на Н.С., кој се наоѓал во животна опасност“, соопшти МВР. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk