Го расекол со нож, па му се заканил да не пријави во полиција

19.10.2017 09:41 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против З.С.(36) и З.Р.(47), двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Го расекол со нож, па му се заканил да не пријави во полиција

На 05. септември годинава, околу 14,35 часот во Трговскиот центар „Зелен рид“ во Куманово, во возилото на Н.Т. од Скопје, првопријавениот физички го нападнал Н.Т., при што со нож, му нанел расекотини во левиот колк, а второпријавениот го управувал возилото. Пријавените, потоа, го однеле  Н.Т., во куќата на З.С. во Бедиње, Куманово каде што, му се заканиле на оштетениот да не го пријавува настанот во полиција и да не оди на доктор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk