Го расекол со нож по стомакот

25.07.2016 11:09 | KumanovoNews

Кумановец се здобил со повреда на стомакот по расправија со сосед.

Го расекол со нож по стомакот

Инцидентот се случил вчера во 11.30 часот, додека Д.Ф.(34) од селото Лопате, седел во дворот со неговото семејство и роднини. Тогаш пристигнал Ќ.Д.(50) од истото село, кој без повод и причина почнал да вика и да ги навредува домаќините.  Потоа извадил нож и го нападнал Д.Ф. нанесувајки му видлива повреда во пределот на стомакот, по што побегнал.

Откако се соземале од шокот, семејството го пријавило случајот во полиција.

 Напаѓачот бил приведен во полициската станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk