Го удрил со шише по глава откако се скарале

04.11.2013 13:15 | KumanovoNews

И.Д.(30) од Куманово го претепал И.Б.(27) во кафе барот “Клуб“ откако се скарале.

Го удрил со шише по глава откако се скарале

Инцидентот се случил во септември, во 3 часот по полноќ, поради банална расправија. И.Д. физички го нападнал И.Б. нанесувајќи му тешки телесни повреди со удари со тупаници и со стаклени шишиња. Кога дошла полицијата обезбедувачот во објектот Р.И.(26) излажал дека напаѓачот не бил во објектот за време на тепачката.

И.Д. ќе одговара за нанесување на “тешка телесна повреда“, а Р.И. за  “помагање на сторителот во извршено кривично дело“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk