Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вооружен разбојник ограбил кумановец на викендичка во кумановското село Шупљи камен, пa му го одзел и автомобилот.
Нападот се случил вчера во 12.10 часот, додека С.Т.(56) и неговата сопруга В.П.(58) од Куманово, биле во дворот од нивната викенд куќа и дошло непознато лице. Со закана со пиштол го внел С.Т. во викендицата, по што му ги врзал рацете и нозете со самолеплива лента. Потоа, одзел паричник кој бил на масата и во кој имало 300 денари и лични документи, два мобилни телефони, а на крајот го одзел и нивното возило Опел астра, во кое имало паричник со околу 500 денари и лични документи.
Разбојникот потоа побегнал.
Извршен е увид на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето како и целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk