Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оваа година реката Пчиња два пати ќе биде порибена, информираат од Спортското риболовно друштво „Пчиња“.
Се планира порибување со 30 килограми македонска пастрмка и 50 килограми крап, со цел обновување на рибниот фонд.
Порибувањето ќе се изврши во текот на годината зависно од временските услови и водостојот на реката. Најдобро е да се направи во пролет или доцна есен затоа што водостојот е постојан, а ако се порибува во лето водата е плитка и можат рибите да бидат уловени од рибокрадци - вели Роберт Лазаревски, претседател на „Пчиња“.
Риболовците од ова друштво годинава ќе учествуваат на локални купови, државни првенства и балканско првенство во риболов.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk