Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Годинава ќе јадеме поскап ајвар, бидејќи цената на пиперките за ајвар е поскапа од лани.
Ако минататa есен за пиперка ајварка во просек се издвојуваше по 20 денари за килограм оваа година за истиот квалитет цената се движи околу 25 денари.
Трговците велат дека поради обилните дождови родот е преполовен и затоа цената е повисока. Во наредниот период пиперките за ајвар нема да поефтинат, напротив се очекува и нивно поскапување.
“Лани беше 20, а сега е 25 денари за килограм. Има извоз за Србија и Косово и нормално дека цената ќе биде повисока. Купувачите малку се жалат за цената, не им одговара. Купуваат луѓето во просек по 80 килограми. Од 100 килограми пиперки ќе се направи 10 килограми ајвар“ - вели Ерол Муареми, трговец.
Трговците тврдат дека пиперот е квалитетен, а купувачи имаат и од Прешево и Бујановац.
Во месец септември во полн ек е подготовката на зимници, поради што граѓаните ќе потрошат повеќе пари од семејниот буџет.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk