Годинава нема да биде доделена Ноемвриската награда

10.11.2017 10:58 | KumanovoNews

Комисијата за доделување на награди и признанија, при Советот на Општина Куманово, годинава нема да го додели највисокото општинско признание Ноемвриска награда.

Годинава нема да биде доделена Ноемвриската награда

Претседателот на комисијата Сашо Милковски вели дека причината се законски пречки.

„Комисијата вчере беше изгласана, но одлуката не е објавена во Службен гласник и затоа немаме право да донесуваме одлуки. Жал ми е што вака испадна, но вината не е до нас, туку поради тоа што оваа есен имавме локални избори“, - изјави Милковски.

Оваа година за Ноемвриска награда се предложени 13 кандидати, 8 правни лица и 5 поединци.

  Градоначалникот Максим Димитриевски најави дека по повод Денот на градот ќе врачи награда од свое име.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk