Годинава три премиери во Кумановскиот театар

18.02.2010 16:28 | KumanovoNews

Три театарски проекти ќе бидат финасирани од Министерството за култура во новата сезона на НУЦК "Трајко Прокопиев„. Во театарот веќе започнале подготовките на првата претстава.

Годинава три премиери во Кумановскиот театар

Министерството ни одобри 3 проекти, а ние конкуриравме со 4. Ќе се потрудиме да ги реализраме според програмата и се надевам дека публиката ќе биде задоволна и оваа сезона - вели Наташа Крстевска, директорка на тетарот.

Подговотвките  за претставата се во тек, а течат и договорите со актерите околу адаптацијата на тексот.

Оваа претстава ја работиме по текст на српски автор кој ја обработува состојбата и проблемите на луѓето од транзиционите општества, односно Балканот. Преку трите машки лика е прикажан животот на луѓето, во овие тешки социо-економски услови, каде се губат моралните и човечки квалитети - изјави режисерот Петрески.

Репертоаорот на театaрот оваа година ќе биде во знак на комедиите.

Спред програмата се планира да се подготви и детска претства. Ќе ја реализира со сопствени средства. Истотака планирано е гостување на фестивалите во Македонија, а со проектот „Печалбари“ театарот ќе настапи на меѓународен фестивал во Лондон.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk