Годишен концерт на КУД „Панче Пешев“ во Куманово

12.06.2025 12:04 | KumanovoNews

Во Центарот за култура во Куманово, утре со почеток во 20 часот концерт ќе одржи КУД „Панче Пешев“. 

Годишен концерт на КУД „Панче Пешев“ во Куманово

На концертот ќе настапат три играорни ансамбли и пејачка група.

„Најмалите ќе ја изведат „Билјана платно белеше“, јуниорите ќе настапат со сплетот насловен „Куманово“, а првата постава ќе изведе три сплета со кои настапуваме на фестивали во државата и светот. Активно се подготвувавме, децата вежбаа секојдневно. Публиката ќе може да проследи повеќе точки и да помине пријатна вечер со нашиот репертоар, со кој го претставуваме Куманово и пред меѓународна публика“, истакна Зоран Илиевски, претседател на друштвото.

Кореографиите ги работи Горан Дишковски. Друштвото брои повеќе од 200 членови.

КУД „Панче Пешев“ постои 99 години- најстаро друштво во државата и едно од најстарите на Балканот. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk