Годишен концерт на „Српски вез“ пред Центарот за култура

23.09.2021 08:47 | Сузана Николиќ

Културно уметничко друштво „Српски вез“ од Куманово во сабота ќе одржи годишен концерт, по повод 8 години постоење и успешна работа. Концертот ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток од 18 часот.  

Годишен концерт на „Српски вез“ пред Центарот за култура

„На концертот е предвидено да настапат сите фолклорни секции на друштвото заедно со оркестарот, етно групата и солистите. Специјални гости во програмскиот дел ќе бидат и членовите на Детскиот културен центар „Карпош“ од Скопје. Најавено е присуство на Амбасодорите на Србија и БиХ, како и гости од светот на Културата од Србија и Македонија“, - изјави Далибор Китановиќ, претседател на друштвото. 

Концерт ќе биде одржан согласно сите протоколи за заштита од коронавирус.

Концертот е поддржан од Министерството за култура на Македонија, Управата за соработка со дијаспората и Србите од регионот и Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk