Голем дефект на водоводната мрежа, без вода центарот на градот

27.08.2019 08:24 | KumanovoNews

Централното градско подрачје остана без вода откако утринава пукнала водоводна цевка на улицата „Народна револуција“,  пред Тутунска банка. 

Голем дефект на водоводната мрежа, без вода центарот на градот

Екипите на ЈП „Водовод“ работат на санирање на дефектот, а кога ќе се нормализира водоснабдувањето не се знае, бидејќи се работи за голем дефект.

Повторно пукна старата азбестна цевка, која е стара 30 години и дотраена. Истата цевка пукна пред еден месец на само 2 метри подолу. Под тротоарот има инфраструктура на ЕВН и Пошта, мора прво тие да дојдат да исклучат струја и телефони, па да почнеме да работиме. Во текот на денот ќе биде решено, но кога точно не се знае, - вели Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.

Без вода се потрошувачите од училиштето “Крсте Мисирков“ до кружниот тек на улицата „Ленинова“ и „Доне Божинов“.

Решение на проблемот е замена на старата цевка, но директорот вели дека имаат проект, но немаат пари за негова реализација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk