Голем интерес на пензионерите за бесплатна бања

09.02.2012 08:37 | KumanovoNews

 Над илјада пензионери од Куманово се пријавиле да заминат на бањско-климатска рекреација што го организира Министерството за труд и социјална политика.

Голем интерес на пензионерите за бесплатна бања

Во Фондот за пензиско и здравствено осигурување секојдневно пристигаат по педесетина апликации,  па до истекот на рокот до 15 февруари, се очекува бројката да достигне над 1500.

Навистина има голем интерес на пензионерите за бањска рекреација. Оваа година интересот е поголем од минатата, кога имавме околу 1000 барања. Пензионерите од Куманово, оние кои што ќе ги исполнат условите заминуваат во Катлановска бања. Минатата година правото го искористија околу 700 пензионери - вели Мирослав Стојановски, раководител на Фондот за пензиско и здравствено осигурување.

Како што објаснува Стојановски можат да се пријавуваат само пензионери кои во предходните две години не го користеле правото за бањска рекреација. Барањата и пензискиот чек од последниот месец од минатата година се поднесуваат до Подрачната единица на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување до 15 февруари. Предност во добивањето на бањската рекреација имаат пензионерите со пониски примања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk