Голем интерес за капење во градскиот отворен базен

05.08.2016 12:21 | KumanovoNews

Над 200 посетители во првите 2 часа се капеа во новоотворениот градски базен, кој денеска започна со работа.

Голем интерес за капење во градскиот отворен базен

 Главно деца и млади, но родители се разладуваа во водите на базенот на денешните високи температури.

„Посетеноста е огромна, за 2 часа продадени се 250 карти. Ова само потврдува дека ваков објект му недостасуваше на градот, инвестицијата е многу значајна за граѓаните на Куманово.  Денеска стартувавме, ќе работиме до 18 часот секој ден и викенд“, - изјави Мартин Костовски, од општината Куманово.

Во базенот има двајца спасувачи, амбуланта и тим од црвен крст. Запазена е фискаланата дисциплина, што значи дека секој посетител добива фискална сметка. Во базенот работи бифе на ЈП „Чистота и зеленило“, со освежителни пијалаци и ладни сендвичи. За деца до 7 години капењето е беспалтно, до 14 години 75 денари, а за возрасните 150 денари.  

Со објектот стопанисува општината Куманово, преку секорот за култура и спорт.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk