Голем интерес за користење на средства од ИПАРД програмата

01.02.2019 10:59 | KumanovoNews

Во Куманово денеска се одржа Инфо-ден на кампањата „Европски можности за македонското земјоделство“ за користење на средствата од ИПАРД програмите за период од 2014 до 2020 година.

Голем интерес за користење на средства од ИПАРД програмата

Во присуство на голем број на земјоделци, стопанственици и преработувачи, претставници од  Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделие и рурален развој ги објаснија начините и усовите за подготовка на  апликација за добивање средства преку програмите.  

 Интересот на кумановските земјоделци е голем за ИПАРД 2 програмата. Целта е да се информираат сите земјоделци што им следува од ИПАРД фондовите. Многу битно е што земјоделците го сменија мислењето дека ИПАРД фондовите се промоција, а не реалност. Со мал труд и добар проект се стигнува до фондовите и до реализација на проектите, - изјави Авдул Селам Селами, заменик директор на Агенцијата за финанска подршка на земјоделие и рурален развој.

 Средствата добиени од оваа програма можат да се користат за голем број на инвестиции во земјоделството почнувајќи од инвестиции во изградба или реконструкција на објекти за одгледување добиточна храна, до набавка на инвестици за наводнување на фарма, набавка на специјализирани транспортни возила и развој на инфраструктурата. Со јавниот повик не е поддржано набавка на трактори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk