Голем интерес за обука на е-даноци

19.10.2011 13:30 | KumanovoNews

 Управата за јавни проходи денеска организираше обука на тема Електронско поднесување на даночни пријави или е-даноци, за сметководителите и другите правни субјекти во градот.

Голем интерес за обука на е-даноци

Електронскиот систем овозможува на даночните корисници брз современ и ефикасен начин на поднесување на даночните пријави до УЈП. Наменет е за сите правни лица, и вршители на дејност, кои имаат обврска да поднесат пријава доп управата, и им нуди на сите корисници можност да ја завршат работата без чекање на шалтери. Даночните пријави можат да се доставуваат преку интернет 24 часа, седум дена. Сите корисници на е-Даноци можат да се вршат увид во даночната картица, односно во евиденцијата на УЈП за даноците кои се платрни или ги должат. Доколку погрешно  е  пополнета даночна пријава, системот автоматски алармира- вели Сузана Стошевска Николовска, раководител во УЈП Даночно одделение Куманово.

На обуката присуствуваа и претставници од Регионалната канцеларија на УЈП од Штип.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk