Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 30 единици крв се собрани за час и половина од почетокот на крводарителската акција во партиските простории на СДСМ.
Кумот на акцијата, градоначалникот Зоран Дамјановски нагласи дека по 21 пат организираат акција за доброволно дарување крв и овојпат таа е во чест на големиот празник Илинден.
- Сме имале рекорди и претходно, но очекуваме и денеска голем број на крводарувања. Драго ми е што денеска сум во својство на кум на крводарителската акција по повод Илинден и АСНОМ, кој се случил на наш терен. Посебно е значајно што празникот го одбележуваме на ваков начин. Ја користам приликата на сите граѓани на Куманово да им го честитам Илинден, и АСНОМ и крушевскиот Илинден, најзначајниот ден во македонската историја и да ни е вечна Македонија и Куманово - изјави Дамајновски.
Трансфузиологот Лилјана Славковска вели дека бројот на крводарители во Куманово се зголемува и очекува на денешната акција да биде надмината бројката од 100 крвни единици.
- Симпатизерите на СДСМ два пати годишно даруваат крв. Голем број на крводарители чекаат да даруваат крв и се собрани околу 30 единици крв. Даруваат крв жени, мажи, ученици - рече Славковска.
Повеќето членови на партијата редовно даруваат крв.
- Ова ми е 30 - ти пат како давам крв. Има бенефиции за здравствени услуги. Дарувајте крв за да спасите живот. На еден ден ќе одиме во Дојран бидејќи сме дарувале крв - рече Перица Крстевски, крводарител.
Акцијата ќе трае до 17 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk