Голем одзив на крводарителската акција во чест на Ковачевски

30.04.2015 11:04 | KumanovoNews

Голем број членови на Здружението на армиски и полициски ветерани, граѓани, војници од АРМ денеска даруваа крв, на крводарителската акција која ветераните ја организираат во чест на нивиот поранешен член и крводарител Александар Ковачевски.

Голем одзив на крводарителската акција во чест на Ковачевски

Крводарителската акција се одржува во клубот “Христијан  Т.Карпош“, и оваа година се очекува да бидат собрани повеќе крвни единици од лани со што и акцијата ќе биде поуспешна.

Оваа крводарителска акција е во чест на мојот покоен  татко. Ја организираме ние како семејство заедно со ветераните и Црвен Крст. Се надеваме на голем број крвни единици како и претходните две години. Оваа акција ќе биде традиционална - изјави Јасмина Ковачевски, ќерка на Александар Ковачевски.

Меѓу крводарителите имаше и такви кои секоја година даруваат крв во чест на Ковачевски.

На оваа акција трета година по ред доаѓам. Досега 32 пати сум давал крв, односно по 4 пати годишно колку што е дозволено. На луѓето би им порачал да бидат хумани и да помагаат на ваков начин - рече Кирил Бошњаковски, крводарител.

До крајот на денот се очекува да бидат собрани над 40 единици крв.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk