Голем пожар над Куманово

31.07.2013 16:52 | KumanovoNews

 Голем пожар попладнево избувнал во атарот на селата Пчиња и Романовце.

Голем пожар над Куманово

Според информации од противпожарната единица Куманово, пожарот избувнал околу 16 часот во местото Краста во близина на депонијата и многу брзо се проширил во околните ниви кон селата Романовце и Пчиња. При тоа зафатил магацин со пластика во напуштени штали на ЗИК и слама, а постои опасност да ги зафати и околните викендички.

Огнот сеуште го гаснат повеќе екипи на пожарникари, но дополнителна тешкотија претставува силниот ветер кој постојано го разгорува огнот.  Густиот чад можеше да се види и од автопатот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk