Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пожарот избувнал во 4 часот по полноќ од расипана термо печка, се проширил на мебелот и огнената стихија целосно ја пеплосала куќата.
Во голем пожар утринава изгоре куќата на семејството Трајковски на улицата „Орце Николов„. Пожарот избувнал во 4 часот по полноќ од расипана термо печка, се проширил на мебелот и огнената стихија целосно ја пеплосала куќата.
Ме разбуди од спиење некакво пуцкање во собата и кратко потоа видов дека гори завесата. Веднаш скокнав и отрчав во спалната соба да ги разбудат децата. Само што излеговме од врата, огнот букна и ја зафати целата соба - раскажува потресено Наташа, која ноќта била сама со децата додека сопругот бил на работа.
Таа се вратила да го гасне пожарот и при тоа ги изгорела прстите на рацете.
Во моментот кога избувнал пожарот снемало струја во целата улица, па комшиите виделе дека нешто гори. Веднаш повикале пожарна, која интервенирала но огнот уништи се што имале во куќата. Матерјалната штета во висина од 15 илјади евра. Причината за пожарот е прегорен вентилатор на термо печка. Семејството Трајковски сега е на улица и апелира за помош.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk