Голем пожар помеѓу Слупчане и Ваксинце, постои опасност да зафати борова шума

04.08.2023 21:18 | Оливера Пешевска

На потегот помеѓу липковските села  Слупчане и Ваксинце доцна попладне избил пожар кој зафатил појас од околу 300 метри. Пожарот се шири кон селото Алашевце, каде што има борова шума.

Голем пожар помеѓу  Слупчане и Ваксинце, постои опасност да зафати борова шума

„На терен се две противпожарни возила со 7 пожарникари од ТППЕ Куманово. Се работи за непристапен терен, до местото не може да се стигне со возила што значително го отежнува и го успоруива гаснењето. Луѓето гасат со т.н „напртњачи“, не постои друг начин. За канадери е доцна, тие не летаат во ноќни часови“, изјави Борис Станковски, заменик-командир на кумановските пожарникари .

Тој се сомневаат дека причина за пожарот е човечки фактор, а гори нискостеблестата шума. Во последните пет дена веќе неколкупати имаат интервенирано на тој потег.

Во моментов се доекипираат екипите на шумската полиција и се очекува за многу кратко време да пристигнат на местото на пожарот и да се приклучат на кумановските поажрникари.
Од Центарот за управување со кризи потврдуваат дека пожарот е на линија Слупчане-Ваксинце во насока кон Алашевце.

„Линијата на огнот е подолга од 300 метри. Во близина има борова шума и се првата напори да се спречи ширење во таа насока. Гори трева и грмушки“,соопшти директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

 Според информациите од терен дува слаб ветер и нема опасност од дополнително разгорување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk