Голем хепенинг во Алфи Техноцентар - fabbygo гарден го слави седмиот роденден

08.05.2023 20:55 | KumanovoNews

Алфи Техноцентар огранизира голем настан по повод седмиот роденден на fabbygo гарден.

Голем хепенинг во Алфи Техноцентар - fabbygo гарден го слави седмиот роденден

За максимално уживање во убавото време и уредување на вашата градина или балкон, Алфи Техноцентар со нивниот познат бренд fabbygo ви нудат неверојатни роденденски попусти на fabbygo гарден со над 1000 производи на 10 отсто клуб попуст како и специјално одбрани 30 производи до 30% клуб попуст во период од 10.05 -14.05.2023година.

Настанот е организиран во два продажни објекти во Куманово(населба Карпош) и во Скопје (населба Автокоманда) како и на нивната добро позната веб-страна alfi.mk асортиман на над 50.000 производи на едно место.

Зошто fabbygo гарден и која е предноста од купување на гарден производи од овој бренд?
Затоа што fabbygo гарден е препознатлив бренд меѓу потрошувачите и нуди огромен избор на производи за вашата градина со висок квалитет и ниски цени,а со самото купување на овие призводи во вашиот дом внесувате квалитет и гарантиран продолжен век на траење на истите.

По што се разликува брендот fabbygo од останатите конкурентски брендови?
Како што напоменав, располага со огромна палета на најразлични производи како гарден сетови, пикник програма, лулашки, детска гарден програма, гарден осветлување и декоративни производи кои дефинитивно ќе го разубават секој балкон и секоја градина и ќе го направат попријатно место за уживање.

„Ви нудиме вистинска шопинг авантура со ниски клуб цени за вистинско пролетно будење и разубавување на вашата градина“, изјави Анета Ангеловска,маркетинг менаџер на Алфи Техноцентар.

Покрај добар шопинг очекувајте и одлична забава со балони и музика!

Побрзајте, посетете ги продажните салони на Алфи Техноцентар секој работен ден од 08:30 до 21 часот,а отсега и во недела во Алфи Техноцентар во Куманово од 10:00 до 20:00 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk