Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оваа среда се празнува Голема Богородица и по тој повод на православните верници им следува неработен ден.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 28 Август 2013 година (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за верниците од православна вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од православната вероисповед им го честита празникот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk