Големиот водостој на реките поволен за мрестење на рибите

06.05.2014 07:42 | KumanovoNews

Моменталниот голем водостој на реките е поволен за мрестење на рибите, велат од спортско риболовно друштво “Пчиња“.

Големиот водостој на реките поволен за мрестење на рибите

Од таму објаснуваат дека од 15 април па се до јуни сите видови на риби се мрестат.

При мрестење рибите мигрираат од Вардар во Пчиња или од тука во помалите притоки. Различни видови на риби се мрестат во овој период од месец и половина. Ваков водостој на реките требаше да им се случи во ноември, но секако врнежите се поволни - вели Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.

Тој објаснува дека согласно временските услови и честите дождови, ова лето водостојот на реките ќе биде подобар од претходните години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk