Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Овој засега безимен град во Коњух е мини Кападокија за овој дел од Македонија и по значењето се наоѓа зад археолошки локалитет Стоби.
“Големо Градиште“ во селото Коњух, кое се ноаѓа на тромеѓе меѓу општините Куманово, Старо Нагоричане и Кратово, претставува многу значаен археолошкиот локалитет, кој кај нас сеуште не доволно промовирано а за неговото значење пишуваат познати странски часописи.
“Големо Градиште“ датира од 6 век и се наоѓа по течението на Крива Река. Населбата е уникатна бидејќи има кружна црква што е реткост на Балканот и архитектура во карпи.
Таму има една карпа во која се наоѓаат куќи, простории со позната и непозната намена. Тоа е една мини Кападокија за овој дел од Македонија. Тоа предизвика интерес кај американските истражувачи. За локалитетот се пишува во најугледниот светски часопис за ранохристијанство и рана Византија воопшто кој го издаваат на Универзитетот Хардвард во Вашингтон. Ова е минимално истражено, а веќе добива светски публицитет - изјави Дејан Георѓиевски, археолог во Народен Музеј Куманово.
Во Коњух откриена е ранохристијанска црква со должина од 33 метри и широчина од 15 метри, а од другата страна е лоцирана кружната црква и плус има уште една помала црква од времето на Јустинијан. Големиот број на цркви укажува дека населбата порано била епископско седиште во овој дел на Балканот. Имало и ранохристијанска крстилница што значи дека во неа се вршело масовно крштевање, не само на бебиња туку и на возрасни. Археолозите велат дека по значењето, после Скупи во североисточна Македонија доаѓа овој засега безимен град во Коњух.
До локалитетот нема никава инфраструктура нитуту пристапни патишта,па тоа ги одвраќа посетителите.
Од Кратово се прави пат кон локалитетот за да биде попристапен, а од страната на Куманово сеуште нема ништо. Се оди до селото Бељаковце, а од таму без џип тешко дека ќе се стигне до самото место. Тоа ги предомислува луѓето да го посетат.- додава Георѓиевски.
“Големо Градиште“ се протега на површина од 17 хектари, а во негова близина се откриени раноримски гробови.
Во Коњух ископувања се вршат десетина години. Локалитетот го истражуваат екипа од Музеј на Македонија на чело со Горан Танев и Каролина Снајвли од Гетисбург Колеџ од Пенсилванија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk