„Голф“ удрил во „мерцедес“ и „рено“ - четворица повредени на улица „Железничка“

22.07.2022 13:10 | Жаклина Цветковска

Четири лица се повредени во сообраќајна незгода што вчера претпладне се случила на ул. „Железничка“ во Куманово.

„Голф“ удрил во „мерцедес“ и „рено“ - четворица повредени на улица „Железничка“

Сообраќајката била предизвикана во 10 часот, кога кога патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Куманово, удрило во запрени возила „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(46) од Куманово и „рено“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.Л.(71) од Куманово. 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.А., а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопштува МВР. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk