Горат стари прагови кај Железничката станица во Куманово (видео)

12.08.2019 16:55 | KumanovoNews

Голем пожар избувнал околу 17 часот во близина на Железничката станица во Куманово.

Горат стари прагови кај Железничката станица во Куманово (видео)

Од противпожарната единица  Куманово, велат дека е запалена поголема количина на стари прагови извадени при реконструкцијата на железничката пруга, кои поради тоа што се премачкани со битумен развиваат голема температура и испуштаат црн чад.

На терен се три цистерни со 9 пожарникари, кои го гаснат огнот.  Пожарот е ставен под контрола и не може да се прошири кон останатите објекти, - тврдат поажрникарите.

 Од СВР Куманово  соопштуваат дека од 17.40 часот железничкиот сообраќај на пругата Куманово-Табановце е во прекин. Причината за пожарот не е позната.

Облакот од црн чад се гледа од сите страни на градот а се шири и непријатна миризба поради што ги вознемири граѓаните на Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk