Гордица Бошковска нов член во Советот на Општина Куманово

07.02.2024 11:33 | Сузана Николиќ

Гордица Бошковска од партијата ЗНАМ е нова советничка во Советот на Општина Куманово. 

Гордица Бошковска нов член во Советот на Општина Куманово

На денешната седница советниците ја прифатија предлог - одлуката за верификација на мандатот на Бошковска, по што таа дале заклетва.

Претседателката на Советот Ивана Георгиевска и посака успешна работа. Новата советничка се заблагодари и вети дека ќе ја оправда довербата.

Бошковска е пензионерка, по професија правник, работеше во Регионалниот синдикат во Куманово.

Таа доаѓа на местото на Дарко Петковски, кој замина на работа во странство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk