Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стари ќебиња, крпи, чаршафи и полици во распаѓање, гореа на последниот кат во зградата на поранешниот хотелот Криста, каде што се наоѓала некогшната пералница.
Пожарот се појавил околу 11 часот, а локализиран за е 30-тина минути од противпожарната единица Куманово.
„Нема опасност за проширување на пожарот и не е причинета голема матерјална штета. Пожарот е предизвикан од човечки фактор, а полицијата ќе утврди за што се работи, - изјави командирот на ТППЕ Деан Илиевски.
Ова е четврто опожарување на хотелот, бидејќи тој е сврталиште на бездомници и корисници на дрога во градот.
За хотелот Кристал и за другите угостителски објекти на А.Д. Бисерка, се води стечајна постапка, откако фирмата пропадна пред повеќе од една деценија поради матна приватизација. Имотот е оставен да пропаѓа без заштита на државата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk