Гореа празни вагони и прагови на Железничката станица во Куманово

20.06.2024 12:32 | KumanovoNews

Пожар вчера зафатил три празни вагони и прагови во близина на Железничката станица во Куманово.

Гореа празни вагони и прагови на Железничката станица во Куманово

„Во 17.11 часот во СВР Куманово било пријавено дека на Железничка станица во Куманово настанал пожар на три празни вагони и сува трева под нив. Од екипа на Теритoријална противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, велат од МВР кои извршиле увид на лице место.

„На Железничка станица на запалени дрвени прагови од пругa и сува трева, интервенирано е од 16:50 до 18.10 часот со 2 ПП возило и 4 пожарникари“, соопшти Територијалната противпарна единица (ТППЕ) Куманово.

(фото. архива)

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk