Гореа стрништа и сува трева во Речица и Романовце

14.08.2015 08:28 | KumanovoNews

Во текот на изминатото деноноќие гореа запалени стрништа и сува трева во селата Речица и Романовце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Гореа стрништа и сува трева во Речица и Романовце

Територијалната противпожарна единица Куманово бележи три интервенции во селото Речица. Најголемиот пожар е гаснет од 20.25 до 21.20 часот на опожарено стрниште и сува трева, при што изгорела површина од 3,6 хектари.  Во истото село имало пожар и од 14.30 до 14.55 часот и од 15.20 до 15.55 часот на опожарено стрниште и сува трева.

Интервенција од 18.20 до 20.15 часот имало запалено сува трева и стрниште во село Романовце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk