Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Гореше една од бараките и кровната конструкција на наплатната рампа Романовце, на автопатот Куманово-Скопје, откако предходно се запалил камион, кој поминувал на патарината.
Инцидентот се случил вчера во 13.20 часот, кога од неутврдени причини настанал пожар на камион "Мерцедес" со ладилник со гевгелиски регистерски ознаки управуван од С.К. (62) од с.Удово, кој се движел кон Скопје. Пожарот од возилото и приколката, за кратко време се проширил и зафатил дел од наплатна барака и покривната конструкција од наплатната рампа. Пожарот бил изгаснат од пожарната единица Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна полициска екипа и се работи на целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk