Гореше сува трева во Багрем бања

11.07.2017 10:47 | KumanovoNews

Гореше сува трева во м.в. Багрем бања во близина на населбата Средорек во Куманово.

Гореше сува трева во Багрем бања

Пожарот избувнал по 17 часот, а бил изгаснат пред 19 часот.

Од противпожарната единица Куманово потврдуваат дека гаснеле запалена сува трева на ул.Ѓуро Пуцар Стари, со едно возило и 3 пожарникари во периодот од 17.33 до 18.46 часот.

Доколку пожарот не беше изгаснат навреме постоеше опасност да се прошири на куќите во населбата.

Причина за пожарот како и изгорената површина не се познати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk