Гореше сува трева во Карпош и кај Романовце

14.07.2015 09:11 | KumanovoNews

Сува трева вчера гореше во населбата Карпош и кај патарината Романовце, на автопатот Куманово-Скопје.

Гореше сува трева во Карпош и кај Романовце

Од 15.50 до 16.30 часот интервенирано е на запалена сува трева во Карпош со едно возило и 4 пожарникари.

Втората интервенција на Територијалната противпожарна единица Куманово, е на опожарена сува трева на автопатот Куманово ­-Скопје, во близина на патарина Романовце во 15.10 часот. Пожарот е изгаснат во 16.30 часот.

За двата пожари нема информации за зафатена површина и причинета материјална штета.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk