Гори депонијата Краста

22.06.2016 15:20 | KumanovoNews

Два дена гори депонијата Краста вo селото Пчиња. Пожарот се појавил во понеделникот во 4 часот по полноќ, кога ѓубриштето било запалено од непознати причини.

Гори депонијата Краста

Веднаш повикавме пожарна и полиција и од тогаш не можеме да го изгаснеме. Постојано доаѓа екипa од противпожарната единица и гаснат, а ние потрпуваме со земја. Меѓутоа оди тешко затоа што е зафатена поголема површина, а топлото време и ветерот му оди во прилог на огнот. Ако задржи ваквото време не верувам дека ќе успееме да го изгаснеме за 2-3 дена, - вели Живко Груевски, раководител во ЈП “Чистота и зеленило“, кое стопанисува со депонијата.

Од претпријатеието тврдат дека нема опасноат пожарот да се пренесе на околните ниви со жито, бидејќи го прекопале теренот околу депонијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk