Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ноќеска се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,28 отсто.
„Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3 денари за литар“, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,016 денар за килограм и сега ќе изнесува 38,527 денари за килограм.
Од ноќеска на бензинските станици низ земјава Еуросупер БС-95 ќе може да се купи по 71 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 73 денари за литар. Дизелот ќе чини 63 денари, додека екстра-лесното масло за горење ќе се продава за 62,50 денари за литар.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk