Горивата поевтинуваат, нафтата по иста цена

03.10.2016 13:52 | KumanovoNews

Бензините поевтинуваат за половина денар цената на дизелот не се менува.

Горивата поевтинуваат, нафтата по иста цена

Регулаторната комисија за енергетика одлучи од полноќ, „еуросупер“ од 95 октани да се продава за 61,5 денари по литар, додека пак „еуросуперот “ од 98 октани ќе се продава по цена од 63 денари.

Цените на „еуродизелот“ и на екстра лесното масло за домаќинство, остануваат 48 и 36,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,387 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 22,408 денари за килограм.

Како причина за намалување на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,832 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,148 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk