Горивата поевтинуваат од полноќ

21.11.2022 18:55 | Оливера Пешевска

Горивата поевтинуваат  од полноќ

  Намалување на малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати во просек од 2,82% ќе има вечерва од полноќ, соопштуваат од Републичката комисија за енергетика.

Горивата поевтинуваат  од полноќ

Нафтата и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 3 денари,Еуросупер БС-98 за 1,5 ден,а се намалува и мазутот за 1,438 ден/кг и екстра лесното масло за горење за 2,5 ден за литар.

Новите цени на горивата од полноќ ќе бидат: моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 88,50 (ден/л), и ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 90,50 (ден/л),  дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 90,00 (ден/л), масло за горење - екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 85,50 (ден/л) и мазут М-1 НС - 44,524 (ден/килограм).

 Референтните цени на нафтените деривати на светските пазари бележат намалување,а има намалување и кај курсот на доларот за 0,73%.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk