Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар

01.03.2021 14:37 | KumanovoNews

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи да се зголемат малопршдажните цени на нафтените деривати за 1,95%, односно за еден до 1,5 денар.

Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека  малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,50 денар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 ден/кг.

Од вечер на полноќ бензинот Еуросупер БС-95 ќе чини 65,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 67,5 денари за литар, а Еуродизел (Д-Е V) за 56 денари за литар.

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе биде 45 денари за литар, а мазутот М-1 НС 35,396 денари за килограм.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk