Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

30.10.2017 13:17 | KumanovoNews

Eуросупер БС-98 поскапува за половина денар по литар, а цената на дизелот, Eуросупер БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар, од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Малопродажните цени на Еуросупер БС-95, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за еден денар по литар. Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 64 денари за литар, на Еуродизел (Д-Е V) 52 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 40,50 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот Eуросупер БС-98, се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 65,50 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,508 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 26,795 денари.

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,67, односно за 1,81 отсто.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk