Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

20.01.2025 16:41 | KumanovoNews

Горивата од полноќ поскапуваат од пола до денар и пол.

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за пола денар, а еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за денар и пол. Според денешната одлука на Регулаторната комисија, од полноќ се зголемува и цената на мазутот за 0,337 денари за литар.

Највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспор:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 81,00 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 83,00 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 76,00 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 75,50 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС - 46,673 (денари/килограм)

Зголемувањето на нафтените деривати во просек изнесува 1,16 проценти, во однос на претходно утврдените. Ова е трето зголемување на цените на нафтените деривати за една недела, од 13 јануари до денеска.  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk