Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

30.12.2019 15:28 | KumanovoNews

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,28 отсто.

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден денар по литар и ќе изнесува 68,5 денари. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар по литар и сега ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 70,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 63, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,904 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,243 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 1,68 отсто и за околу 1,01 отсто кај дизелот, како и за 0,44 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk