Гост пукал од прозорец на кафeана

27.12.2013 11:48 | KumanovoNews

Во угостителскиот објект „Аљби“ во селото Матејче гост пукал со пиштол од прозорец.

Гост пукал од прозорец на кафeана

Инцидентот се случил вчера два часа по полноќ, кога К.Н.(41) од с.Лојане, преку прозорецот од објектот испукал три куршуми надвор, а потоа излегол од објектот и испукал уште неколку куршуми во воздух. Газдата го пријавил гостот во полиција, при што на лице место биле пронајдени 17 испукани чаури.  По преземените мерки пиштолџијата е идентификуван и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk