Гости од странство за прославата на градот

09.11.2011 15:54 | KumanovoNews

Десетина делегации од странство ќе дојдат на прославата на празникот на градот.

Гости од странство за прославата на градот

На свеченоста ќе присуствуваат делегации од пријателски и збратимени градови: Бјељина и Бања Лука од Босна и Херцеговина, Чукарица, Горњи Милановац, Крагуевац и Врање од Србија, Гњилане Косово, Драч Албанија, Кампина Романија и Чорлу Турција.

Ќе присуствуваат околу 50 гости од овие градови и 6 амбасадори.Исто така за прославата упативме покани и до премиерот и министерот за транспорт и врски, како и до моите колеги од ЗЕЛС- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Во петок, градоначалникот ќе организира прием за гостите ,по што сите ќе положат венци и цвеќе на Спомен Костурницата. Со свечената академија и доделувањето на Ноемвриските награди ќе се заокружи големата прослава по повод Денот на градот.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk